Регион

Валандово ќе го модернизира осветлувањето

Валандово ќе го модернизира осветлувањето, најави општината. Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов го потпиша договорот за јавно партнерство со чешката компанија „ИЦС Системи”. Оваа компанија преку својата подружница во Охрид, наредниве години ќе го модернизира и одржува јавното улично осветлување.

Договорот предвидува во општина Валандово на 1800 сијалични места да се изврши замена на старите со нови енергетски ефикасни ЛЕД светилки. На годишно ниво тие треба да ја намалат емисијата на штетни стакленички гасови за околу 425 тони. Покрај тоа, треба да овозможат околу 50 отсто заштеда на средства, велат од општината.

– Договорот го потпишавме на период од осум години во кои општинската грижа за јавното осветлување целосно и ја препуштаме на партнерската компанија која,покрај замената на светилките, ќе врши и санирање на настанатите проблеми и дефекти, а по истекот на договорот, опремата и електричната заштеда ќе ги остави во сопственост на општина Валандово, вели градоначалникот Костадинов.

Инаку, Валандово ќе го модернизира осветлувањето без да се зголеми цената на јавното осветлување. Оваа обврска кон компанијата која ќе го изведува и финансира проектот, општина Валандово ќе ја врши исклучиво од заштедените средства.

Јавото осветлување е еден од најчестите проблеми во општините ширум државата. Граѓаните не се задоволни од покриеноста со улично осветлување. Покрај тоа, една од најчестите забелешки е дека често светилките прегоруваат и не се заменуваат навреме. Повеќе општини формираа единици наречени Систем 48. Нивна задача е да се пријавуваат вакви комунални проблеми и да се решат за 48 часа. Во локалните самоуправи пак, проблем и е цената на електричната енергија. Токму затоа во многу општини се заменуваат. Речиси половина општини од Југоистокот извршија замена со енергетски ефикасни светилки.

Инаку Валандово во последниот период најави реализација на повеќе инфраструктурни проекти во градот. Неодамна се завршиедна улица во Чалакли. Но, исто така планирани се зафати и во селата Балинци и Јосифово.

Препорачуваме:

МТСП со апел до родителите , учениците на МРТВ да ја следат „ Тв училница“

Стојне Митева

Во Југоисточниот плански регион ќе бидат поставени Агрометеоролошки станици

Стојне Митева

ЦУК: Ангелов со Манчев остварија увид на критичните точки за поплави во Општина Босилово

Ване Трајков