• Thu. May 16th, 2024

Вакцинација.мк и на албански

Вакцинација.мк и на албански. Министерството за здравство информира дека веб-страницата „vakcinacija.mk“ на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 е достапна и на албански јазик на следниот линк: https://vakcinacija.mk/alb/.

Веќе 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање на оваа Веб страница. „На овој начин, граѓаните се регистрираат во електронскиот систем „Мој Термин“. Матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент“, информираат од Министерството за здравство.

Во нивното известување е наведено дека преку оваа апликација, граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. Од ресорното министерство појаснуваат дека „Мој термин“ го утврдува датумот и часот за вакцинирање. Тоа е согласно фазите кои се содржат во Националниот план за имунизација на населението во земјава.

„Вчера, во Македонија пристигна првата пратка 4680 од вкупно 8000 фајзерови вакцини против Ковид-19 од Република Србија. Во текот на денешниот ден ќе заврши и регуларната процедура во МАЛМЕД, а од среда вакцинацијата почнува со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје“, известуваат од МЗ.

Според нив, вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции. А, во тимовите за имунизација ќе има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, известуваат од министерство за здраство.

Македонија очекува да добие вакцини и преку Ковакс системот. Но, Владата најави дека ќе се бараат и други начини. Еден од нив е купување вакцини од Кина. Досега помош при набавка на вакцини понудија и соседните земји Бугарија и Грција. Меѓутоа, засега нема никаков одговор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *