Регион

Утре тестирање на кандидатите за реонски попишувачи во Гевгелија

Oд утре почнува тестирање на кандидатите за реонски попишувачи. На Јавниот конкурс за реонски попишувачи и реонски инструктори за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите на подрачјата на општините Гевгелија и Дојран пријавени се вкупно 111 кандидати. Во петок, на 12 март истите ќе бидат тестирани за општи познавања од областа на статистиката и работа со компјутери. Во зависност од резултатите на тестовите, ќе се изготви и до директорот на Државниот завод за статистика и ќе се испрати ранг листа на кандидатите, по што ќе се изврши избор на тие што ќе бидат ангажирани.

За спроведување на пописот во Пописен реон 11, потребни се 88 реонски попишувачи и 9 реонски инструктори  (плус 10% од овие бројки – задолжителна резерва).           

Тестирањето ќе се спроведе утре, 12 март 2021 година, во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија (приземје, училници во новиот дел). Заради заштита на кандидатите, пред и за време на тестирањето ќе се почитуваат сите здравствени и превентивни заштитни мерки. Тестирањето е организирано така што кандидатите се поделени во 2 групи. Секоја група ќе биде поделена на 5 подгрупи распоредени во 5 училници. Максималниот број на присутни во една училница е 12 лица распоредени на соодветно растојание.              

Дозволен влез за тестирањето во гимназијата е влезот на улица „Гевгелиски партизански одреди“, спроти Шумското стопанство „Кожуф“. На самиот влез ќе се врши проверка на телесната температура, а за секој кандидат задолжително е прописно да носи заштитна маска. Список на кандидатите и распоред по училници ќе биде истакнат на влезната врата и на вратата од секоја училница со цел да се обезбеди потребната дистанца.              За да се обезбедат сите предуслови за безбедно тестирање, предвидено е тестирањето на првата група да започне во 09:30 часот, додека на втората во 12:00 часот. 

Препорачуваме:

Ковачевски: Сите кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 проценти повисока дневница

Велигденски концерт со Александра Јанева & Coverland

Видеo – Активистите против рудници утре на протест во Валандово со барања до Владата