• Thu. May 16th, 2024

На 4 ти јули се планира поставување улично осветлување

ЈП Паркиралишта распиша јавна набавка за изведба на улично осветлување на улицата 4 јули од пресекот со Васил Сурчев до пресекот со Братство Единство. Според објавената тендерска документација таму се планира да бидат поставени 15 лед светилки вдолж тротоарот на улицата до Народна техника каде ќе се монтираат 13 столбови.

Вредноста на инвестицијата изнесува околу 2 милиони денари а тендерот ке го добие оној економски оператор кој ќе ги исполни условите согласно распишаната јавна набавка и достави најниска цена согласно барањата наведени во техничката спецификација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *