• Mon. May 20th, 2024

Се чисти теренот за новиот парк кај градинката Виножито

Градоначалникот на Струмица на ФБ објави дека почнале работите за расчистување на теренот во поранешната касарна кај градинката Виножито каде треба да никне нова јавна зелена површина. Објави дека новиот парк би бил на површина од околу 20 илјади метри квадратни .

,,Ги реализираме најкрупните изборни ветувања уште во првата година и тоа за време на најголемата криза. Моја Струмицо почнуваме со подготовките, за новиот парк во населбата касарна. Паркот ќе се гради на површина од близу 20.000 метри квадратни, ќе биде одлично место за граѓаните да го поминуваат своето слободно време,, објави градоначалникот Костадинов

Градежните работи ги изведува Пешо Инженеринг од Струмица кој јавната набавка по распишаниот тендер ја доби за околу 130 илјади евра со вклучен ДДВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *