• Mon. May 20th, 2024

Укинување на ПЦР тестови и сертификати за вакцинација при излез од земјата предлага Комисијата за заразни болести

Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност на ковид-19 или вакцинација при излез од земјава, а бремените жени да се вратат на работа, се двата предлога што Комисијата за заразни болести ќе ги достави до Министерството за здравство откако епидемиолошката состојба во земјава почна да се смирува.

„Тоа не значи дека во земјите каде е потребно да се поседува сертификат или ПЦР дека нема да се бара туку се укинува само мерката од минатата година дека треба овие документи да се прикажат при излез од нашата држава“, рече д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

Според одлуката на Владата, од 1 септември лани и домашните и странските државјани за излез и влез во земјава на граничниот премин требаше да приложат потврда за примени две дози од вакцина против ковид-19 или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР тест, направен најмногу 72 часа претходно, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *