• Sat. May 18th, 2024

МФ: Намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас

Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Ова се овозможува со измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа  кои беа усвоени од Собранието, а на кој Министерството за финансии работеше минатата година во консултации со бизнис-заедницата.

Со укинувањето на тарифите, според министерот за финансии Фатмир Бесими, се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.  

Со овој Закон, смета Бесими, се придонесува кон подобрување на конкурентноста на домашните компании, поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори, проширување на производството на постојните капацитети на домашни и странски компании, како и зголемување на вработеноста.

Според министерот значајна поддршка на домашните компании и индустрија за намалување на трошоците на производство дополнително се прави и со укинување на царинската стапка за природен гас, што е предвидено со ова законско решение. Истовремено, во услови на енергетска криза, со законот, се дава и придонес кон поголема ценовна стабилност на овој енергенс, а се поттикнува и промена на користењето на енергенсите кон енергенси кои помалку загадуваа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *