Македонија

Постепено зголемување на температурата од утре до петок

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува стабилизирање на времето од утре и постепено зголемување на температурата во наредните денови, со натпросечно тополо време во четврток и петок.

Според УХМР, утрата ќе бидат постудени, а ветерот (северозападен) што засилено ќе дува утре ќе биде причина за пониска температура во вторник и во текот на денот.

За изутрината во вторник се прогнозира температура од 6 до 17 степени, а за во текот на денот – од 21 до 28 степени. Во среда утринската температура ќе се движи во интервал од 5 до 15 степени додека дневната од 25 до 31 степен.

Од УХМР велат дека трендот на зголемување на температурата ќе продолжи и во четврток и петок за кога се најавува температура над просекот за овој период од годината.

Препорачуваме:

53 нови дијагностицирани со коронавирус и две жртви изминатите 24 часа во државата

Сузана Мицева

Тренчевска: Преку развојот на социјалните услуги на локално ниво, ги приближуваме до граѓаните

Нов Интервентен фонд за земјоделците