Регион

СВР Струмица со апел да не се палат огнови

Се наоѓаме во период од годината кога земјоделците ги припремаат своите земјоделски површини за сеидба, при што палат стрништа, меѓи, плевел и други отпадоци. Во минатото бевме сведоци на многу појави кога ваквото неконтролирано палење беше причина за настанување на пожари, со кои се предизвикуваа штети на имотот на граѓаните, се вели во соопштението од СВР Струмица.
Токму поради наведеното Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани :
–        да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;
–        да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
–        да не се врши палење на отпад или друг горлив материјал;
–        да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

СВР Струмица потсетува дека предизвикувањето на пожар, намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци.

Препорачуваме:

Опаѓа бројот на новопозитивни и хоспитализирани во струмичката болница

Дизелот поскапува половина денар, бензините поевтинуваат денар и половина!

Ване Трајков

Тања Гошева ја понесе наградата за најдобар библиотекар „Павлина Цунева – Маказлиева“

Сузана Мицева