Регион

СВР Струмица: Кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства“

Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица преку реализирање на повеќе активности ја спроведе кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“, промовирана од страна на Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници се спроведени едукативни предавања со ученици од осмо и деветто одделение во сите основни училишта на подрачјата на општините Струмица, Василево, Ново Село и Босилово, сѐ со цел подигање на свеста кај младата популација за можната опасност и последиците од употребата на петарди и други пиротехнички средства, која е посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

Покрај ова, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, односно во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово се поделени 700 флаери со пораки за превенирање на ризиците од користење на пиротехнички средства, а воедно се наведени и казнените одредби за употреба на петарди и други пиротехнички средства.

Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани, а пред сѐ до младата популација да не употребуваат петарди и пиротехнички средства, да го заштитат својот живот и животот на останатите, а доколку се констатираат такви случаи истите ќе бидат соодветно санкционирани.

Препорачуваме:

Владата донесе интервентна мерка во износот од 3 денари по килограм за продадена зелка во периодот од 5. април до 5. мај 2020 година

Ване Трајков

За 5 години ИТ секторот ќе се соочи со недостиг од квалитетен наставен кадар

Стојне Митева

Во Вардар кај Поликастро пронајдено тело на давеник, ќе се испита дали станува збор за исчезнатиот гевгеличанец

Сузана Мицева