Забава Регион

Струмичани не се откажуват од тримерската традиција

Многу љубов, добра волја и пријателство без граници. Тоа им било потребно на група струмичански да се организираат и да подготват тримерска трпеза. Јуле Зазова не пречека во својот дом кој беше уреден со сите тримерски нишани: посна храна, свечена трпеза, свежо цвеќе, музика во позадина и полна маса расположени жени да се потсетат на убавата струмичка традиција. Маре Филчевска вели дека ова е обид да се сочува еден убав споемн од младоста и како аманет да се остави на следните генерации.

Некои од присутните и самите ги правеле тримерските обичаи децнии порано, кога биле млади армасани девојки. Жана Витанова вели дека било празник за очи да се гледа како различни групи жени со бовчи во рацете се упатени кон куќите на армасаните девојки.

Тримери е познат и како празник на армасаните. Тие ја изгубиле својата првобитна, односно изворна форма и значење, но тие како обичај во Струмица сѐ уште се одржуваат и постојат со сите адети кои го придружуваат тој обичај. Целиот тој тримерски церемонијал или уште како што уште се нарекува празник на армасаните се одвива во куќата на невестата, во среда и тој ден го прославуваат исклучиво жени, кои одат на ручек кај верената. Гостите што ги кани свакрвата одат групно, односно се собираат прво кај свакрвата и од тука сите одат на ручек кај снаата. Секој што оди на ручек носи и подарок на невестата.

Препорачуваме:

Владата одобри средства за струмичката болница да се приклучи на гас

Сузана Мицева

Граѓаните што поседуваат оружје треба да ги заменат дозволите

Ване Трајков

Земјотрес почувствуван во Валандовско

Ване Трајков