• Sun. May 12th, 2024

Струмица потпиша Меморандум за соработка со Управата за извршување на санкции

Струмица потпиша Меморандум за соработка со Управата за извршување на санкции. меморандумот го потпиша градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на Управата, Маријан Спасовски. Според објавата на Костадинов на социјалните мрежи, соработката ќе биде во делот на извршување на општокорисна работа.

„Денес, претставувајќи ја Општина Струмица, го ставив својот потпис на Меморандумот за соработка помеѓу Општината и Управата за извршување на санкции при Министерството за правда, претставувана од директорот Марјан Спасовски, кој исто така го потпиша овој значаен документ.

Со тоа нашите две институции утврдија заемна соработка при извршувањето на општокорисна работа како алтернативна мерка за осудените лица. Општина Струмица преку своите јавни претпријатија е целосно подготвена за преземање на обврските Меморандумот.

Се надевам дека овој Меморандумот за соработка ќе ги даде посакуваните резултати, како за лицата со полесни кривични дела на кои им се овозможува своевидна ресоцијализација, така и за доброто на Општина Струмица,“ напиша Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *