• Mon. May 20th, 2024

Струмица ќе отвори ново јавно претпријатие за Јавен превоз

Струмица ќе отвори ново јавно претпријатие за Јавен превоз. Општината нема да може да го воспостави градскиот јавен превоз преку јавното претпријатие „Струмица гас“ како што на почетокот беше планирано.

Струмица издвои средства во Буџетот за 2023 година за набавка на електрични автобуси со цел да се намали загадувањето во општината, но и да се направи подобро поврзување на градот со наслеените места во општината.

Оваа година треба да се завршат документациите и да се утврдат линиите на јавниот превоз, а јавното претпријатие би почнало да ја врши својата дејност следната година.