• Fri. May 17th, 2024

Од недела Комуналец ќе дели втора канта на домаќинствата за селекција на отпад

Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, во недела – 19 март, од 09.00 часот, ќе започне со делење втора канта на домаќинствата, за селекција на отпад (пластика и лименки).

На почетокот ќе бидат опфатени: населбата Карпош и сите улици во потегот од улицата Браќа Миладинови до улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, како и од Булевар Климент Охридски до Булевар Маршал Тито.

Со оваа акција и официјално ќе започне селектирањето отпад во Струмица, кое во наредниот период постепено ќе се прошири и на целата територија на општината.

„Кантите се обезбедени од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица и ќе се делат бесплатно. Се апелира до граѓаните за домаќинско и правилно користење на кантите за селекција на отпад од пластика и лименки. ЈПКД Комуналец ќе го подига овој вид отпад еднаш во неделата, според распоред кој е во фаза на изготвување“, велат од ЈКПД Комуналец.