• Wed. May 15th, 2024

Стотици луѓе загинаа во силен земјотрес во Авганистан, почувствуван и во Индија

Во силeн земјотрес во Авганистан загинаа најмалку 250 луѓе, а стотици се повредени. Претставник на локалната влада за Би-би-си изјави дека бројот на загинати најверојатно ќе продолжи да расте.

Повеќето од потврдените смртни случаи се регистрирани во провинцијата Пактика, изјави Мохамад Насим Хакани, шеф на управата за справување со катастрофи на талибанската влада.

Смртни случаи се пријавени и во источните провинции Нангархар и Кост, додаде тој.

Според информациите, јачината на потресот била 6,1 степени според Рихтеровата скала, а се случил раните утрински часови во средата.

Земјотресот погодил област на околу 44 километри од градот Кост во југоисточен Авганистан, а епицентарот бил на длабочина од 51 километар, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Земјотресот се почувствувал во радиус од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *