Свет

Белград и Приштина постигнаа енергетски договор

Делегациите на Белград и Приштина во Брисел договорија патоказ за имплементација на енергетскиот договор.

„ Со задоволство можам да објавам дека Белград и Приштина штотуку усвоија енергетски договор. Ова е голем чекор напред“, напиша Лајчак.

Се огласи и вицепремиерот на Косово и главен преговарач на косовската страна во дијалогот со Србија, Бесник Бисљими, кој рече дека е постигнат енергетски договор со Србија и дека oд сега на општините во северно Косово ќе им се наплаќа за струја.

Бисљими на Твитер напиша дека денеска во Брисел е одобрен Патоказот за спроведување на енергетскиот договор во согласност со регулаторниот систем на Косово.

Препорачуваме:

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Ѓ. K.

„Дојче банк“ укинува 18 илјади работни места до 2022 година

БРЕД ПИТ И ЏЕНИФЕР АНИСТОН ПОВТОРНО ЗАЕДНО НА ЕКРАНОТ