Регион

Што ја одбележа 2022 година во Струмица?

Тивок крај на пандемијата, и бомбастичен почеток на нови кризи. Под превезот на несигурност, исчекување и предизвици помина 2022 година. Без големи подеми, нестабилно, но со надеж кон подобро. Вака ја опишуваат струмичани годината која е во својот залез. Велат, во вакви динамични времиња најважно е да се сочува здравјето, и колку што е можно повеќе стандардот кој и онака не е на завидно ниво. Барем за најголемиот дел од граѓаните. На нашето прашање по што ќе ја паметат годината што полека изминува сите едногласно велат: „По кризата“. Збор што стана неизоставен дел од секој разговор. Причина за голем број затворени компании, намалени вработени, целосна помена во начинот на живеење и работење.

Она што се случува на глобално ниво, речиси се пресликува на локално. Па така, освен кризата. годината ја одбележа и штедењето. И граѓаните, и институциите и компаниите беа принудени да штедат. На осветлување, на греење, на нови вработувања и проширување на своите дејности.

Сепак, освен видливите последици на комплексната криза, градот забележа и убави настани: одржувањето на првиот Егзит фестивал, триесетгодишниот јубилеј на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, продолжувањето на десетици културни и забавни манифестации.

Во Новата 2023 година сите влегуваат претпазливо, со реален оптимизам и без нагласен ентузијазам. Да с енадеваме дека списокот на убави нешта ќе го надрасне оној на неубавите.

Препорачуваме:

СВР Струмица казни 29 возачи за брзо возење во Југоистокот

Ване Трајков

Комуналец бара пријавување на сите загадувачи на бесплатниот број 13 110

Фото – Маскенбал – РИО во Струмица