Македонија

ССК потпиша Меморандум со Кинески центар за надворешна трговија

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, потпиша Меморандум за соработка со China Foreign Trade Centre (CFTC) – Кинески центар за надворешна трговија, со кој ќе се овозможи зголемување на извозот и промоција на извозно ориентираните компании од нашата земја во Кина, како и полесен пристап на кинеските корпорации кај нас, како центар за влез на европскиот пазар.

По потпишување на Меморандумот се одржа и средба меѓу претставниците на деловните субјекти на кои беа презентирани конкретни можности и интереси за соработка, а на која присуствуваа и компании членови на Сојузот.

Во своето воведно обраќање претседателот на Сојузот, Ангелоски ја претстави деловната клима во нашата земја и ја истакна важноста на воспоставување директна соработка меѓу претпријатијата од двете држави.

Препорачуваме:

Денеска облачно со повремен дожд

Сузана Мицева

Лидерска средба во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

Сузана Мицева

Шахпаска: Владата со силна заложба за угостителството и туризмот