Македонија

Спасовски на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ

Министерот Спасовски денеска е во официјaлна посета на Република Словенија каде што ќе учествуава на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан, што во организација на словенечкото Претседателство со ЕУ се одржува во Брдо кај Крањво Република Словенија.

Министерот Спасовски утрово имаше билатералба средба со Координаторот на ЕУ за борба против тероризмот Илка Салми, на која меѓу другото ги претстави постигнувањата на земјата во однос на исполнување на препораките од заедничкиот Акционен план за борба против тероризмот.

Во текот на денот тој ќе учествува на Министерскиот форум и ќе има обраќања на трите работни сесии посветени на миграцијата, борбата против тероризмот и справувањето со организираниот криминал, на кои ќе ги презентира стратешките цели и активности на нашата земја, согласно утврдените теми на форумот кои се важни сегменти од сферата на безбедноста и спроведувањето на законите.

Препорачуваме:

Филипче во преговори со младите лекари за да се вкучат во работата на ковид-центрите

Сузана Мицева

Мерките за ограничување на движењето ќе продолжат до 1 јуни

Филипче го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце и изрази благодарност до семејството на донорот

Сузана Мицева