• Sun. May 19th, 2024

Со дронови и кучиња продолжува потрагата по исчезнатиот Мартин на Халкидики

Потрагата по исчезнатиот Мартин на Халкидики продолжува и денеска, по апелот на семејството и неговиот брат, пишуваат грчките медиуми.

Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона на OFKATH и куче спасител со дресер денеска влегуваат во битка за лоцирање на Мартин кој дошол во Грција на одмор. Во исто време ќе продолжат да дејствуваат и пешачките единици на спасувачите.

Дронот ќе ја скенира областа кон Аја Параскеви бидејќи е тешко достапна и не може да се стигне со подводниот дрон, пренесуваат медиумите.

Поморската управа продолжува со истрагата за идентификација на 31-годишникот со чамец. Министерот за надворешни работи, Никос Дендијас, му соопштил на својот колега од Северна Македонија, Бујар Османи, дека истрагите ќе продолжат, по комуникацијата што ја имале.

Во исто време, братот на Мартин со објава на социјалните мрежи ја пренесе страшната агонија што ја доживеал тој и остатокот од неговото семејство.

„Мајка ми, семејството и пријателите сè уште веруваат и се надеваат дека Мартин е жив“, напиша братот на исчезнатиот Мартин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *