Македонија Регион

Симовски: Не примајте дома попишувач без легитимација

После 20 години, денес почна најважната статистичка операција во државата, пописот, кој е во интерес на сите со цел да се приберат доволен број на информации, рече директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски.

„Пописот нема друга цел, не служи на ниту една политичка паритја, не служи ни на поединци, туку служи на оние кои треба да го градат развојот на државата. Не подлегнувајте на иницијативите да не се отвора врата, оти си правите штета себеси“, рече Симовски пред регионалниот пункт во скопската Општина Ѓорче Петров.

Тој додаде дека до 11 часот не се пријавени никакви технички проблеми ниту пак некој одбил да биде попишан.

Процесот е организиран преку 50 регионални комисии, т. е. регионални центри. Во нив се формирани пописни комисии кои се составени од лица кои се вработени во локалната самоуправа, т. е. секретарите на Општините, и нивната функција е да ја обезбедат целокупната логистика. Тие немаат улога во методолошкиот дел.

Во секое домаќинство ќе влегува по 1 попишувач, нема да се најавуват по телефон, туку директно на врата. Носат црна брендирана маичка и легитимација.

Директорот на Заводот апелираше до граѓаните да проверат дали попишувачот носи легитимација, и ако ја немаат, да не го пуштат дома. Свесни сме, вели тој, дека има антикампања и провокатори кои ќе се обидат да го злоупотребат процесот.

„Бидејќи попишувачот не е сезнајко и не може да ги знае сите јазици, домаќинот има право да побара попишувач кој го зборува неговиот јазик и ќе му биде обезбеден. Ако не најде никој дома, ќе дојде пак. За друго лице информации може да даваат само родители и старатели на деца до 18 години. Попишувачот ќе дојде онолку пати колку што треба во домот со цел да се соберат потребните информации“, кажа Симовски.

Попишувачите, вели тој, во најголем дел се вакцинирани, но секој што инсистира да биде попишан од вакцинициран попишувач, ќе му биде обезбеден.

Препорачуваме:

Цените на становите се зголемени за 5,9 проценти објави Народна банка

Вмро – Дпмне ја почна изборната кампања

Сузана Мицева

Прекинат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Битола и Струмица

Сузана Мицева