Забава

Се одржа литературната манифестација „Пролет на сребрените соништа“ во Радовиш

По четврти пат се одржа Литературната манифестација “Пролет на сребрените соништа” во Радовиш. Завршниот настан закажан за 9.10.2021 се одржа во ЦК “Ацо Караманов”, каде што на сцената, наградените ученици ги прочитаа своите поетски творби.

Учениците и менторите беа наградени со книги кои ги обезбеди “”Просветно дело”, добија и дипломи за ” најдобра песна” од Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија. Ликовниот уметник Живко Поповски Цветин, за наградените ученици и ментори изработи картички со ” цвеќето на мирот”.

Покрај доделувањето на наградите, публиката во салата го проследија Перформансот: ,,Караманов и Конески – инспирација за уметничка интерпретација” (книжевно-музички и ликовно-интерпретативен перформанс) во реализација на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ-Штип.

Исто така за време на завршниот настап се одвиваше и ликовна работилница под менторство на ликовниот уметник Анастасија Петрова од Академија Еуроарт – Штип.Како дел од програмата се реализираше и интерактивно интервју со писателката за деца Ксенија Трајчева Маказлиева во која таа одговарајќи на поставените прашања на присутните им ја доближи нејзината најнова книга” Борко Брзозборко”. Свој осврт на книгата направија д-р Милена Ристова Михајлoвска и Гордана Здравкоска.

Препорачуваме:

„Повеќе хромозоми и повеќе надеж за подобар свет“-порача Вања Лазарова поддржувач на лицата со Даун синдром

Сузана Мицева

Во Гевгелија проекција на документарни филмови за градот

Сузана Мицева

Анета од Радовиш со недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР доби 150.000 денари бонус