Регион

Се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Четврти февруари е датумот на раѓање на еден од најголемите македонски дејци, Гоце Делчев, визионер, кој скоро пред век и половина го опиша светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Денеска, се одбележува 151-годишнина од раѓањето.

Тој е учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Се борел за самостојна македонска држава.

Препорачуваме:

Комуналец јавува прекин во водоснабдувањето на две улици во градот

Ѓ. K.

Видео: Сообраќајните инспектори во Струмица со предлози за новото законско решение

Ване Трајков

Нови 89 лица позитивни на Ковид 19, меѓу заболените и лице од Струмица

Ване Трајков