Регион

Се чистат речните корита во Општина Василево за фрлање на крстот на Богојавление

Општина Василево и ЈПКД „Турија“, по повод верскиот празник Богојавление – Водици  се вклучија во подготовките за  традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води.

ЈПКД „Турија“, со механизација врши чистење и уредување на речното корито во населените места Василево, Пиперево, Владевци, Сушево и Добрашинци, каде на 19.01.2023 година  црковните лица ќе извршат осветување на водите и фрлање на светиот крст.

Општина Василево традиционално во знак на поддршка,  најуспешните учесници, оние кои ќе успеат да го извадат крстот од водите, финансиски ќе ги награди. „Сплотени околу традицијата, за општо добро на сите граѓани,  продолжуваме да ги негуваме и во пракса да делуваме во согласност со  христијанските вредности“, е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов во врска со поддршката и активностите кои се преземаат во врска со одбележувањето на Богојавление – Водици.

Препорачуваме:

Предлог протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до КЗБ

Во понеделник ларвицидна дезинсекција во Југоисточниот регион

Ѓ. K.

Јавно извинување од поранешниот директор на НУ „Завод и Музеј Струмица“

Ване Трајков