• Tue. May 21st, 2024

Ристоманов: Струмичани со своите животи ќе се борат против рудникот

Најновата одлука на Вишиот управен суд случајот со рудникот Иловица да се врати на повторно судење ги вознемири активистите кои веќе петта година се борат да се спречи отворање на рудникот за злато и бакар. Но, изјавите на активистите се константни и само добиваат на радикалност. Во вчерашното издание на вестите на Канал ВИС, активистот на Здрава котлина, Костадин Ристоманов, изјави дека се подготвени со жив штит да го оградат рудникот.

Ристоманов вели дека последната одлука е всушност слика на состојбите во државата и на трулиот систем во кој интересите на граѓаните се секогаш последни. Тој ги повика и политичките партии да заземат став и да се изјаснат, бидејќи многу брзо повторно ќе се обратат кај народот и ќе бараат доверба.

Целиот разговор со Ристоманов можете да го погледнете на следниот линк:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *