Забава Регион

Режисерот Дејан Ангелов за првпат ќе режира претстава во струмичкиот театар

По повеќе независни театарски проекти работени со здружението „Транзен“ и еден во велешкиот театар, струмичкиот режисер Дејан Ангелов конечно ќе режира претстава за театарот „Антон Панов“. Младиот Ангелов веќе ја почна работата со струмичките актери. Пред два дена се одржа првото читање на текстот „Вујко Вања“ од Чеков.

Истовремено, од „Антон Панов“ информираа дека започнале читањата и на „Нова конструктивна етика“ според Иван Вирипаев во режија на Драгана Таневска. Двата театарски проекта ќе се работат паралелно. Едниот е финансиран од Министерството за култура, а за другиот се работи од сопствени средства од буџетот на „Антон Панов“.

Препорачуваме:

Утре започнува второто полугодие, наставата останува он – лајн

Стојне Митева

Струмица ги доби новите полуподземни контејнери

Ѓ. K.

„За тебе љубов моја“ по 21. пат во Гевгелија со поезија и музика во чест на жената и љубовта

Ѓ. K.