Регион

Mатурантите ќе кампуваат пред Влада

Матурантите кои досега ја бојкотираа наставата од денеска ќе се вратат на он-лајн часовите, но очекуваат до крајот на месецот да им се прифатат барањата за скратување на државната матура. Во спротивно, се најавува радикализација на протестите со поставување на шатори пред Министерството за образование.

Тие очекуваат во македонскиот парламент да се изгласаат измени во Законот за средно образование кои се однесуваат на начинот на полагањето на матурата. Се бара наместо по четири матурантите да полагаат испити по два предмета – мајчин јазик и предмет од областа која матурантот планира да ја студира.

https://mon.gov.mk/

-Се враќаме на настава за да им оставиме простор на пратениците да најдат решение. Чекаме Комисијата за образование, наука и спорт да го разгледа Предлог-законот. По средбите што ги имавме во Собранието, Сојузот на средношколци е сигурен дека има поддршка од повеќе од 70 пратеници. Ако не се прифатат и гласаат нашите барања до крајот на месецов, ние ќе почнеме да кампираме пред МОН. Нашиот бојкот е последица на немањето слух за нашите проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози за изменување на годинашната државна матура. Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколците.

Препорачуваме:

Бадникарски концерт и годинава во Струмица

Ване Трајков

ВИДЕО: Четири деца од Југоистокот досега позитивни на Ковид-19

Козметичкото студио „Поинт“ затвора поради коронавирусот

Сузана Мицева