Регион

Реконструирано училиштето во село Баница

Двесте и осум ученици од основното училиште Сандо Масев во село Баница добија нови простории за настава. Целосно е променет ликот на ова училиште, што многу ги радува децата, но и родителите. Велат дека училиштето сега е пријатно место за учење.

Реконструкцијата на училиштето во Баница следува по онаа на подрачното училиште во Добрејци. Директорката вели дека  решиле голем проблем бидејќи зградите биле дотраени и имало потреба од сериозни зафати.

Реконструкцијата на училиштето Сандо Масев во Баница чинеше 9 милиони денари. Парите се  обезбедени од општина Струмица и Министерството за образование и наука.

Училиштето во баница е деветолетка. Бидејќи е подрачно училиште на училиштето Сандо Масев во Струмица, дел од учениците доколку сакаат,  наставата да ја посетуваат и во Струмица.

Препорачуваме:

132 илјади вработени во јавниот сектор 73% Македонци, а 20% Албанци

Стојне Митева

Изложба „100 години од македонскиот фронт“ во СОУ „Димитар Влахов“

Сузана Мицева

Со закана со нож одзел 1.000 евра од казино во Богданци

Стојне Митева