Македонија

За 20,15 отсто помали сметки за струја ќе плаќаат 70 илјади мали фирми

Регулаторната комисија за енергетика ја намали цента на струјата за првите два блока на граѓани, но со враќање на ДДВ-то од 5 на 10 отсто сметките од 1 јануари сепак ќе бидат повисоки. Според пресметките на РСЕ, во првиот блок ќе има зголемување од 0,4 отсто по киловат час, а за вториот за 2,95 проценти. Само кај малите компании ќе има големо намалување на цената на струјата.

Минимално ќе поскапе струјата за првиот и за вториот блок на домаќинствата, односно за повеќе од 90 проценти од граѓаните, покажуваат пресметките на Радио Слободна Европа, откако Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на електричната енергија од 1 јануари.

Малите потрошувачи како фризерници, мали кафулиња и продавници од Нова година ќе добијат сметки пониски за 20 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Регулаторна, која ги пресметува цените на струјата без да вклучи ДДВ, всушност ги намали цените за првиот и за вториот блок за домаќинства, меѓутоа од 1 јануари почнува да важи мерката за враќање на ДДВ-то од 5 на 10 проценти, па сметките ќе бидат речиси исти како и досега.

Препорачуваме:

Прв состанок на координативното тело на градоначалниците под Град Скопје

Премиерот Спасовски се сретна со вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј

Сузана Мицева

За влез во Грција или тест или вакцинација, ја признаваат и руската вакцина