Регион

Расте интересот за трета доза вакцина во Струмица

Бројот на нови случаи на ковид-19 во Струмица почна да се зголемува. Активни се околу 120 случаи на територијата на струмичкиот регион. Во меѓувреме, расте интересот за вакцинација со трета доза. Граѓаните коишто доаѓаат во пунктот да ја примат третата доза од вакцината, велат дека им е важно да се заштитат.

И додека интересот за трета доза се зголемува, мал е бројот на граѓани коишто примаат прва доза. Лекарите велат дека допрва ќе биде стресен и динамичен период, кога со заладувањето ќе почнат да се појавуваат и случаи на настинка и грип.

Во целиот Југоисточен регион има зголемување на бројот на новозаразени со ковид-19. Во Гевгелија, кој е еден од градовите со најголем број вакцинирани во моментов има деведесетина активни случаи. Епидемиолозите велат дека на удар е малдата популација ученици кои не се вакцинирани.

Препорачуваме:

Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица ги додели наградите за најуспешни творби по повод Денот на жената 8-ми Март

Dimitar Micev

Ацо Ристов победува во Радовиш

Сузана Мицева

Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација, денес поставени темелите на превентивното делување од корона Вирусот

Стојне Митева