Спорт

Вечерва ракометните ветерани против актуелните репрезентативци – мечот хуманитарен за СОС Детско село

Ракометната Федерација на Македонија о информира дека билетите за мечот во чии рамки спортските сили ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци се распродадени. Приходите од продажбата на билетите, ќе бидат донирани на „СОС Детско село“ од Скопје.

Се работи за ревијален, пријателски натпревар, кој ќе се одигра вечерва со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и истиот ќе биде од хуманитарен карактер. Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт.

Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одвива од 11 до 29 јануари 2023 во Полска и Шведска – ќе игра против ветераните кои низ годините го издигнаа репрезентативниот ракомет на сегашното ниво.

Препорачуваме:

Фото : Кадетите на Пандев – КУП победници на Македонија

Ване Трајков

Вечерва во емисијата Vis a Vis на Канал ВИС, преставници од Академија Пандев – Куп победниците во последната фудбалска сезона

Ване Трајков

Макс Струмица утре против Работнички за прва победа сезонава

Ване Трајков