Македонија Регион

Променливото време негативно влијае врз здравјето на граѓаните 

Телефоните постојано ѕвонат во Итната медицинска помош во Струмица, каде струмичани бараат помош од дежурните медицински екипи. Нестабилните временски услови предизвикаа зголемен број на пациенти кои се жалат на: Главоболки, несвестици, вртоглавица и несоница.

Од Итната медицинска помош за ТВ канал ВИС велат дека бројот на повици периодот е драстично зголемен. Од УХМР велат дека нестабилното време ќе се задржи до крајот на месец јуни, доктор Виранова апелираше до граѓаните, редовно да ја земаат хроничната терапија, а биометеоролозите предвидуваат општа слабост и болки кај метеоропатите, како и чувство на тежина во главата и ревматски проблеми.

Препорачуваме:

5713 фирми не исплатиле плата за последните два месеци

За брзо возење вчера казнети 842 возачи на територијата на цела држава

Стојне Митева

Меѓународен ден на руралните жени