Македонија

Продолжува расправата за Ф. предлог

Бугарското вето за преговори со ЕУ во слична атмосфера како што и започна вчера со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаат пратениците на СДСМ. Единствена точка на дневниот ред е „Информација за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, што беше предложена од француското претседателство на Советот на Европската Унија на 30 јуни“. Владата на Димитар Ковачевски, на барање на опозицијата до Собранието достави додаток на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, кој беше проследен до парламентот на 7 јули за „разгледување и донесување дополнителни заклучоци“.

Вувузелите погласни од повикот на премиерот да се поддржи францускиот предлог

Таканаречениот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на пристапните преговори, зад кои застана целата ЕУ, во Северна Македонија наиде на отпор од македонската опозиција, дел од граѓаните, академската јавност и невладините организации. Во Скопје од 2 јули, граѓаните скоро секојдневно демонстрираат против предлогот, а тие протести ги поддржа и коалицијата околу ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски и Левица на Димитар Апасиев, барајќи предлогот да биде отфрлен, бидејќи, како што оценуваат, води до бугаризација на нивната земја.


Протести – Jајца и тоалетна хартија кон Собранието

Почетокот на преговорите на ЕУ со Скопје е блокиран со бугарското вето од ноември 2020 година поради спор околу јазикот и историјата, а Брисел го врза напредокот на Тирана на патот кон ЕУ со напредокот на Северна Македонија. Една година претходно, европскиот пат на двете земји беше блокиран од Франција, инсистирајќи на промена на методологијата за преговори

извор: РСЕ

Препорачуваме:

Сончево и многу топло, температурите ќе достигнат до 39 степени

Ѓ. K.

Исплатени 255,9 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко и за женски приплодни маторици

Интерпелацијата за собранискиот спикер Талат Џафери пристигна во неговиот кабинет

Ване Трајков