Регион

Приведен дилер во радовишко

На 30.12.2022 година во 23.00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Т. (31) од село Ораовица, Радовишко.

При претрес на патничко возило „волво” со радовишки регистерски ознаки, управувано од Д.Т., биле пронајдени прашкаста материја, 50 таблети и марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица Радовиш, за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Развој на еко-систем за социјално претприемништво

Кампања за донации за реконструкција на храмот на Светите Кирил и Методиј во Струмица

Ѓ. K.

До 5 илјади евра казна за неиздавање фискална сметка на СОФ.