• Sat. May 18th, 2024

Пречиситителната станица во Дојран ќе биде готова за сезоната

Пречистителната станица во Дојран ќе биде готова за сезоната. Станицата за пречистување на отпадните води и дел од колекторскиот систем во Дојран ќе се реконструираат пред почетокот на туристичката сезона. Општината најавува дека системот за прочистување во ова туристичко место ќе се зајакне и ќе биде подготвено за зголемениот број гости без да постои опасност од загадување на езерото.

Пречистителната станица ќе се доопремува и во втора фаза. Но, сепак прочистувањето на есерото ќе биде многу поефективно откако ќе почне да функционира каналот на грчка страна кој требаше досега да почне да работи.

Дел од парите што ги користи Дојран за подобрување на квалитетот на водата во езерото ги обезбеди од Владата. Таа во два наврата оддели оповеќе од едне милион евра за таа намена. Со средствата треба и да се чисти езерото од милта и прекумерната вегетација којашто го гуши езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *