• Sat. May 18th, 2024

Потпишан договор за доизградба на Детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија

  Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во Министерството за труд и социјална политика потпиша договор со министерката Јованка Тренчевска за доградба на Детската градинка „Сончогледи“- Гевгелија.

Станува збор за проширување на објектот со нови 8 занимални и сместувачки капацитет за 135 деца. Површината на доградениот објект ќе изнесува 1000 метри квадратни. За реализација на проектот, кој се предвидува да биде завршен за 14 месеци, се обезбедени средства во висина од 49.024.779 денари од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика.
Од страна на Општина Гевгелија ќе се обезбедат приклучоци за електрична енергија, водовод, канализација и греење, како и партерно уредување, за што ќе бидат издвоени 8.496.009 денари од Буџетот на Општина Гевгелија.
          – Со потпишувањето на овој договор, двете договорни страни се согласни заеднички да соработуваат и да делуваат во рамките на своите стратешки определби преку поддршка на активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на детската заштита, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *