• Mon. May 13th, 2024

Хуманитарна акција „Велигденска трпеза за сите“

Елеуса Фондација од денеска ја започнува хуманитарната акција „Велигденска трпеза за сите“. Во повеќе маркети низ Струмица ќе бидат поставени обележани корпи во кои секој што сака може да остави прехранбен производ.

-За овој проект добивме целосна и безрезeрвна поддршка од дел од маркетите во нашиот град Струмица. Под мотото „ПОДАРИ ДЕЛ ОД ТВОЈАТА ТРПЕЗА, НАХРАНИ ГЛАДЕН“ наши корпи се поставени во: Црвена Ружа, Зендолино, Семпер маркети, Здравец маркети, Стокомак, Тинекс и Киси трејд (кај автобуската станица, во Карпош и кај Иднина), објаснуваат од Фондација Елеуса.

Оттаму ги повикуваат граѓаните на учество во хуманата мисија која треба да допре до над 100 семејства кои ја чекаат помошта.

-Драги наши сограѓани, во овие маркети ќе можете да оставите Ваша скромна донација во храна, со што сите заедно и сплотено ќе учествуваме во полнење на Велигденската трпеза на над 100 семејства кои ја чекаат нашата помош. Се надеваме на Вашата поддршка оти нашето малку некому значи многу. Голема благодарност до маркетите: Црвена Ружа, Зендолино, Семпер маркети, Здравец маркети, Стокомак, Тинекс и Киси трејд кои се огласија на нашата молба да бидат дел од оваа наша хуманитарна акција и решија да ни помогнат, се вели во информацијата од Елеуса Фондација.

Додаваат дека велигденската радост е празнување кое треба д адонесе надеж во секој дом.

-Ајде сите заедно со нашата мала заедничка помош да израдуваме семејства на кои ова ќе им донесе голема радост. Христовото воскресение е празнување на вечниот живот и вечната радост, па со овој празник да внесеме надеж во домовите на луѓето на кои единствено надежта и вербата им останале, додаваат од Фондацијата.

За оние кои сакаат да донираат парични средства тоа може да го направат на нашата

жиро-сметка:300030000262856

Фондација ЕЛЕУСА Струмица

Цел на дознака: Донација

Или на нашата девизна сметка: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BRANCH STRUMICA

MACEDONIA

SWIFT: KOBS MK 2X SRB

Beneficiary Customer:I

BAN: MK07300701003869006FONDACIJA ELEUSA STRUMICA

Kiril I Metodij 24STRUMICA,

R.MACEDONIA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *