• Sat. May 18th, 2024

Посмртнината ќе биде намалена до 1 јули поради раст на бројката на починати пензионери

Разликата за посмртнина што им се намалени на пензионерите од солидарниот фонд ќе им бидат дополнително вратени на семејствата кога фондот ќе се стабилизира. Одлуката била само привремена.

Солидарната исплата за закоп на починат пензионер се намали од 30.000 на 25.000 денари. Но, од Одборот на регистрирана организација за солидарен фонд и членарина. Велат дека парите за посмртнина не се трајно намалени. Според одлуката, семејствата на починатите ќе ги добијат во јули доколку во меѓувреме не дојде до промена на времената мерка.

– Обемот на тие средства зависи од акумулираните средства и од бројот на починати корисници на пензија. Имено, до пандемијата умираа околу 1.200 корисници на пензија просечно месечно. Сега, за време на пандемијата месечно умираат над 1.800 корисници на пензија. Со тоа се зголеми бројот на примателите на посмртна помош и времето на чекање на исплата на отпремнината. 

Со цел да се помогне на примателите да се намали времето на чекање, одборот донесе времена одлука да им помогне на семејствата и да им се исплати најголем дел од отпремината од 25.000 денари. Останатите 5.000 денари, дополнително ќе почнат да се исплатуваат со исплатата на јулската пензија. Тоа ќе биде по редослед на поднесените барања и во зависност од расположивите средства.  Според тоа, не е вистина дека е намалена посмртната помош од 30.000 денари  на 25.000 денари трајно, што непотребно создаде немир и забуна меѓу пензионерите – велат од Одборот.

Од Министерството за труд и социјална политика пак информираат дека намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. 

Дел од здруженијата на пензионерите реагираа дека не биле информирани навреме за одлуката и револтирани заради намалувањето на надоместокот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *