Македонија

РКЕ: Поскапуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување.

Најголемо поскапување ќе има кај дизелот кој поскапува за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар.

Поскапување ќе има и кај бензините но помало, за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денари.

Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.

Препорачуваме:

Казнети 365 лица за неносење маска

Сузана Мицева

Од денеска студентите и учениците во Бугарија без ПЦР тест

Сузана Мицева

Исплатени субвенциите за трета фаза произведено и предадено млеко

Ване Трајков