Огласник

Попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето претпладне e сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Од УХМР информираат дека наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Препорачуваме:

Огласник – Се продава стан

Во Гевгелија изработена брошура со информативен материјал за шеќерната болест кај децата

Сузана Мицева

,,Еко Дизајн” има потерба од дизајнер