Македонија

Почнуваат роковите за нов мандатар

Во Собранието претпладнево беше констатирана оставката што премиерот Зоран Заев вчера ја достави до спикерот Талат Џафери

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски стигнало известување од Собранието дека денеска е констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, која повлекува оставка на целата Влада.

Од кабинетот на Пендаровски ни изјавија дека со тоа почнува да тече рокот од 10 дена во кој партиите од мнозинството треба да го известат претседателот за кандидатот за состав на нова влада, по што тој би го доделил мандатот.

Во Собранието претпладнево беше констатирана оставката што Заев вчера ја достави до спикерот Талат Џафери.

Претходно, Џафери на брифинг со новинарите изјави дека владата во оставка останува на функцијата до избор на нова влада, но дека ќе ја врши должноста само на техничко ниво.

Препорачуваме:

Во Македонија вакцинирани над 500.000 граѓани, две дози примиле над 200.000

Сузана Мицева

Решенија за изолација добиле 231 лице, казнети 1.022 граѓани кои не носеле маски

Сузана Мицева

МВР заплени дрога во вредност од околу 350.000 евра (видео)

Ване Трајков