• Fri. May 17th, 2024

Почнува манифестацијата „Свети Спасо Радовишки“

Од вечерва почнува тридневната манифестација за одбележување на патронот и заштитник на Радовиш, Свети Спасо Радовишки.  Во склоп на програмата ќе биде организирана и манифестацијата „Меден Радовиш“.

Вечерва ќе бидат промовирани локални производи на мед, ќе има дефиле на близнаци од Радовиш, а пред радовишани ќе се претстави и карневалската група „Пчелин рај“ од Струмица. Вечерната програма ќе заврши со концерт на Троја.

В сабота меѓу другото ќе се одржи богослужба и свечена литија од храмот Св. Троица до плоштадот Св. Спасо Радовишки каде ќе се одржи молебен. В недела по литургијата ќе се дели славски колач,  а пладнето ќе биде резервирано за презентирање производи од мед. Манифестацијата ја организира општина Радовиш и Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица

П Р О Г Р А М А

19.08.2022 год. – Петок, Плоштад Св.Спасо Радовишки

17:00 час. Отвoрање на манифестацијата

17:15 час.-20:30 час. Промоција на локални производи од мед

19:00 час. „Близнаци сме – Посебни сме“ – Дефиле на близнаците од општина Радовиш

Настап на карневалската маска „Пчелин рај“, ментор Соња Цицимова

21:00 час. Kонцерт на ТРОЈА

20.08.2022 год. – Сабота

12:00 час. Презентирање на производи од мед, Плоштад Св.Спасо Радовишки

18:00 час. Вечерна богослужба во храмот „Св.Троица“

18:45 час. Литија од храмот „Св.Троица“ до Плоштад „Св.Спасо Радовишки“

19:15 час. Молебен пред параклисот „Св.Спасо Радовишки“

20:15 час. Концерт на Тоше, Васко и Викторија

21.08.2022 год. – Недела

08:00 час. Света литургија во храмот „Св.Троица“

Славски колач

12:00 час.-15:00 Презентирање на производи од мед, Плоштад Св.Спасо Радовишки и затворање на манифестацијата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *