• Sun. May 19th, 2024

Почна комплетната реконструкција на ООУ „Гоце Делчев“ во Вељуса

Почна комплетната реконструкција на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населеното место Вељуса. Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот ФБ профил. За инветицијата обезбедени се 40 милиони денари.

-Обезбедивме 40.000.000 денари за Вељуса. На барање на жителите, со Министерството за образование и наука ја започнавме комплетната реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“. Со неа ќе бидат изведени градежни зафати на кровната конструкција, фасадата, санитарните јазли, внатрешниот дел, кои ќе обезбедат квалитетен простор за учениците, поголема енергетска ефикасност и противпожарна заштита на објектот, а ќе бидат изведени и пристапни рампи и посебен тоалет за лицата со попреченост. И во криза знаеме да работиме, затоа што Струмица се сака со дела!, пиша Костадинов во својот Фејсбук профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *