• Sat. May 18th, 2024

Почина британскиот принц Филип на 99 годишна возраст

Почина британскиот ринц Филип на 99 годишна возраст. Веста за смртта на сопругот на кралицата Елизабета Втора ја потврди Бакингамската палата.

Принцот Филип на Грција и Данска е роден во Мон Репос на Крф, на 10 јуни 1921 година, како петто дете и единствен син на принцот Андреј и Алиса Батенберг. Неговите четири постари сестри се: принцезата Маргарита, принцезата Теодора, принцезата Сесилија и принцезата Софи. Крстен е во грчка ортодоксна црква на Крф. Во септември 1922 година, новата воена влада во Грција го избркала такото на принцот Филип од Грција, па така британскиот брод „Калипсо“ го евакуирал семејството на принцот Андреј. Прво семејството на Филип заминале за Франција, и се сместиле во Париз во куќата на неговата богата тетка, принцезата Мари Бонапарт.

Бидејќи Филип бил изнесен од Грција како бебе, тој не го научил добро грчкиот јазик. Во 1992 година, изјавил дека може да разбере само малку. Филип изјавил дека себе се смета за Данец, и дека неговото семејство се зборува англиски, француски и германски јазик.

Бракот со Елизабета

Во 1939 година, кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета го посетиле британскиот Кралски морнарски колеџ, каде учел Филип, и бил замолен да ги придружува ќерките на кралот, Елизабета и Маргарета. Елизабета се вљубила во Филип, и тие почнале да се допишуваат. Во тоа време, таа имала 13 години. Во летото 1946 година, Филип ја побарал раката на Елизабета од татко ѝ. Кралот се согласил, но рекол дека официјална веридба и венчавка може да има откако Елизабета ќе наполни 21 година, а тоа било наредната година во април. Во март 1947 година, Филип се откажал од грчките и данските кралски титули, го зел презимето Маунтбатен, семејно презиме од страна на мајка му, и станал Британец. Јавно била објавена венчавката на 10 јули 1947 година. Кентерберискиот архиепископ, Џефри Фишер, сакал Филип да биде дел од англиската црква, а тоа се случило во октомври 1947 година. Еден ден пред венчавката, кралот Џорџ VI му доделил на Филип титула Кралско Височество, а утрото на венчавката, на 20 ноември 1947 година, титулите Војвода од Единбург, Ерл од Мерионет, и Барон од Гринвич.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *