Македонија

Пендаровски пред Генералното собрание на ОН

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Претседателот Пендаровски на 23 септември 2021 година, четврток, ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание

Препорачуваме:

Високите бројки на заразени ги затвори границите на Бугарија кон Македонија

Ване Трајков

Конкурс за средношколци: Биди медиумски активен!

Сузана Мицева

Вработените кои работат со Ковид пациенти ќе добијат награда по 30 илјади денари