• Tue. May 14th, 2024

Парична награда за матичните лекари ако се вакцинираат 70% од нивните пациенти

Парична награда за матичните лекари ако се вакцинираат 70% од нивните пациенти.

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата вчера донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.

Oваа мерка пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче. „

Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари.

Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив“, истакна тогаш Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *