• Fri. May 31st, 2024

Утре ќе бидат донесени телата на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија

.Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма“, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.

-Бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа, изјави Ангелов.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *