Регион

Општина Радовиш со препораки за заштита од пожари

Општина Радовиш со препораки за заштита од пожари. Локалната самоуправа спроведува кампања за подигнување на јавната свест за опасноста од пожари на отворен простор. „Територијата на нашата држава во текот на летниот период се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од покачувањето на темпратурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните“ велат од општината.

Од тие причини Општина Радовиш упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите.

Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.

Пожарот може да се пријави на:
192 – Полиција,
193 – ТППЕ (Територијална противпожарна единица),
195 – РЦУК (Регионален центар за управување со кризи),
632-274 – РЦУК Радовиш,
635-397 – Пожарна Радовиш,
634-105 – МВР ПС Радовиш,
617-700 – Општина Радовиш

Препорачуваме:

Фатен криумчар на мигранти кај село Богородица

Сузана Мицева

Две лица уапсени за убиството во Гевгелија

Исчезнат малолетник од Скопје пронајден во Струмица

Ване Трајков