• Fri. May 10th, 2024

ОН: Повеќе од 700 милиони луѓе се заробени во екстремна сиромаштија

Повеќе од 700 милиони луѓе се заробени во екстремна сиромаштија, предупредија денеска Обединетите нации по повод одбележувањето на Меѓународниот ден против сиромаштијата – 17 октомври.

Секое човечко суштество заслужува да живее достоинствено, објави ОН на Твитер.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден против сиромаштијата, УНЕСКО објави дека на 17 октомври 1987 година, повеќе од 100.000 луѓе се собраа на Трокадеро во Париз, каде беше потпишана Универзалната декларација за човекови права во 1948 година, за да им оддадат почит на жртвите на екстремната сиромаштија насилство и глад,пренесе Танјуг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *