• Tue. May 14th, 2024

Околу 5 илјади граѓани досега вакцинирани во Штип

Целиот регион се вакцинира во центарот „Јордан Мијалков“ во Штип додека се адаптира просторот на спортската сала на основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица. Редици граѓани чекаат за да ја примат вакцината на Синофарм против ковид-19, а дел од нив дошле самоиницијативно, без закажан термин.

Лекарите велат дека имаат редовна достава на вакцини и не бележат никакви проблеми. Вакцинирале и граѓани без термин бидејќи многу од закажаните термини не биле пополнети, бидејќи не се појавиле на вакцина граѓаните што се пријавиле.

 Во салата има 22 кабини за вакцинација, 80 столчиња за опсервација после вакцинација, 3 болнички кревети за итна медицинска помош и персонал. Поставена е пријавница за вакцинација и за излез, како и посебно место за фрижидерите за чување и одржување на вакцините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *